Connect with us

Фудбал

Меси фотографиран во Барселона со поранешните соиграчи, кај фановите се подгреа надежта (ФОТО)

Лионел Меси во Барселона, но само на вечера. Тој е фотографиран заедно со неговите поранешни играчи Жорди Алба и Серхио Бускетс, во друштво со сопругите. Причината за доаѓањето на Меси иако е приватна, за да се види со добрите стари пријатели, сепак кај навивачите на Барса повторно се подгреа надежта за негово враќање.

Во изминатиот период доста се пишуваше за тоа, а за волја на вистината се спомнува и враќање во Барселона. Инаку, фотографијата на социјалните мрежи ја објави неговата сопруга.