Фудбал
Капитенот на Челзи по три дена излезе од болница, по страшната повреда
Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета е отпуштен од болница, три дена откако доживеа потрес на мозокот при поразот на неговиот тим во Премиер лигата од Саутемптон, објави во вторникот лондонскиот клуб.
Шпанецот во вториот дел случајно доби удар од Секу Мара во глава, па на носилки беше изнесен од теренот на Стемфорд Бриџ.
„Состојбата на Цезар внимателно ја следи лекарскиот тим на клубот, по важни протоколи за потрес на мозокот, за да се осигура неговата безбедност“, се вели во соопштението.
Following a concussion injury sustained during Saturday’s game against Southampton, César Azpilicueta has been discharged from hospital and is recovering well at Cobham.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) February 21, 2023