Фудбал
Трагичарот од финалето на Светското првенство, следното лето би можел да потпише за ПСЖ за 100 милиони евра?!
Францускиот шампион веќе почна да го составува тимот за следната сезона. Парижаните во следниот преоден рок би можеле да останат без Нејмар и Лионел Меси. Според Le Parisien, во клубот би можел да пристигне Рандал Коло Муани, 24-годишниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт.
Муани минатото лето пристигна во Франкфурт без отштета откако му истече договорот со Нант. За Ајнтрахт постигна 15 гола со 14 асистенции на 30 натпревари и заработи повик во француската репрезентација. Се спомнува сума од околу 100 милиони евра. Тој има договор со Ајнтрахт до 2027-ма година, а според Трансфермакрт неговата моментална цена на пазарот е околу 40 милиони евра.
На Светското првенство одигра три натпревари и постигна еден гол, против Мароко во полуфиналето. Во финалето против Аргентина, во судиското надополнување, беше пред голманот Емилијано Мартинез, но неговиот удар Мартинез го одбрани со нога. Подоцна, Аргентина стана светски шампион на пенали, а секако Муани наместо херој стана трагичар.