Connect with us

Фудбал

Легендарниот Анри најдобро го опиша Ливерпул: Кога ќе видите дека играчите на Реал ви го прават тоа, тогаш тоа е доволно за аларм!

Легендарниот Тиери Анри, кој сега е во улога на стручен коментатор, ја коментираше играта на Ливерпул по поразот од Реал Мадрид на „Енфилд“ од 5:2.

„Кога ќе видите тип како Лука Модриќ кој на негова возраст така ја контролира топката, поминува низ средниот ред на Ливерпул со полна сила како да не е таму и го игра Винисиус, а потоа Винисиус му додава на Бензема кој игра со голман… јасно ти е дека нешто не е во ред, се гледа дека овој тим не дава се од себе“, изјави Анри и потоа додаде:

„Ливерпул едноставно не е доволно добар во моментов и мора да работи на изнаоѓање нов рецепт кој ќе функционира што е можно поскоро.