Connect with us

Фудбал

Лукаку му донесе победа на Интер, но голманот Онана имаше магична интервенција (ВИДЕО)

Интер славеше против Порто во Милано со 1:0 во првиот меѓусебен осминафинален дуел. Стрелец на единствениот гол беше Лукаку во 86-та минута. Мора да се спомне дека Интер успеа да го “скрши” Порто откако гостите од Португалија останаа со играч помалку по вториот жолт картон на во 78-мата минута на Отавио.

Заслужи Интер победа, за нијанси беше подобар, но сепак може да се каже дека при 0:0 нивен спасител беше Онана кој со магична интервенција го спаси гол во две зицер ситуации за Порто во еден напад.