Фудбал
Откако Манчестер Јунајтед го освои првиот пехар по шест години, Сер Алекс не можеше да ја одбие поканата, се симна во соблекувалната (ВИДЕО)
„Црвените ѓаволи“ забележаа победа од 2-0 над Њукасл благодарение на ударот со глава на Касемиро и автоголот на Свен Ботман и го освоија својот прв пехар во последните шест сезони. Шефот Ерик тен Хаг дури го покани Сер Алекс Фергусон во соблекувалната за да слави со тимот, при што сегашниот и поранешниот менаџер позираа заедно со трофејот.
The party has moved to the #MUFC dressing room 🍾 🎉 pic.twitter.com/i7dmXDzWwj
— Football Daily (@footballdaily) February 26, 2023
Сер Алекс Фергусон е синоним за Манчестер Јунајтед. Под негово водство овој клуб ги доживеа најголемите успеси во клупската историја. Ги предводеше „Црвените ѓаволи“ од 1986 до 2013 година.