Фудбал
Навивачите му се налутија на Марио Балотели, па го запалија неговиот дрес (ВИДЕО)
Бесни навивачи го запалија дресот на Марио Балотели откако неговиот клуб ФК Сион претрпе пораз од Сент Гален од 0:4 на домашен терен.
Многу озборуваниот и контроверзен италијански репрезентативец (32) минатото лето се пресели во швајцарската лига – а Сион стана единаесеттиот клуб во неговата кариера.
Balotelli jersey is burned by his own fans in the stadium😂#FCSion #sfl pic.twitter.com/A6BkZ3p30g
— jl2704 (@miclar777) February 26, 2023
И тој веќе се најде на насловните страници, но не поради учинокот на теренот.
Тој пропуштил натпревар бидејќи имал бронхитис, барем така им соопштил на луѓето од клубот, но во медиумите се појави дека излегол истата вечер со мистериозна жена, а згора на тоа изгледал како да е пијан.
Се врати на теренот на последните два меча, против Винтертхун и Сент Гален, но Сион не успеа да победи. Навивачите на клубот се убедени дека тој не заслужува да биде во тимот и да го носи нивниот дрес, веруваат дека тој е виновен за лошите резултати. Поради тоа се одлучи да го запалат неговиот дрес.
Тој постигна пет гола во 12 настапи оваа сезона, но се чини дека симпатизерите на Сион се уморни од него.