Фудбал
ФК Струга го раскина договорот со Захариевски, тренер кој ги однесе високо!
ФК Струга ја извести јавноста, навивачите и љубителите на фудбалот, дека ја прекина соработката со тренерот Срѓан Захариевски.
-Одлуката на клубското раководство беше коректно соопштена на шефот на стручниот штаб и прифатена како таква. Со тренерот од Крива Паланка, Фк Струга Трим Лум помина скоро 3 спортски сезони. Најголемиот успех го постигнавме во 2021 каде успеавме да играме во Европа ( Конференциска лига ), велат од тимот од Струга.