Фудбал
УЕФА исфрли 11 клубови од европските натпревари!
Дисциплинските органи на УЕФА одлучија да исфрлат 11 клубови од Европа на три години. Тоа се Клуж (Романија), Олимпија (Словенија), Риека и Осиек (Хрватска), Борац Бања Лука (БиХ), Астана и Кизил (Казахстан), Валмијера (Литванија), Коњаспор (Турција), Арис (Грција) и Флоријана ( Малта). Од споменатите, Клуж и Осиек беа условно суспендирани на две години, а Арис, Астана, Олимпија и Риека по една сезона условно, односно оваа одлука може да се смени доколку ги исполнат условите за 2023/24, односно 2023/ 24 и 2024/25 година.
Причината поради која УЕФА ги казнува овие клубови е секако од финансиска природа, односно во период подолг од 90 дена не им платиле на играчите и на стручниот штаб, што не се толерира.
Тоа не е единствената казна за нив, бидејќи и УЕФА ги „удри“ по џеб. Најмногу пари ќе треба да плати Клуж (250.000 евра), потоа Осиек (150.000), Коњаспор (150.000), Олимпија (100.000), Арис и Валмијера (50.000), а останатите клубови значително помалку. Меѓу казнетите е и Борац од Бања Лука (10.000 евра), односно од оние кои не беа споменати во првите казни – казни чекаат и Флоријана од Малта и Кизил од Казахстан.
Во својот извештај, УЕФА исто така наведува дека Осиек и Риека не ги исполнувале условите за да добијат лиценца за натпреварувањата на УЕФА бидејќи имале долгови кога се „повлекувала линијата“ во март 2022 година, па поради оваа причина овие хрватски клубови биле казнети и за Конференциската лига. Поточно ќе добијат 450 илјади евра помалку отколку што заработија во ова натпреварување минатата сезона.