Фудбал
Фоден и Силва за важна победа на Сити, на Њукасл му се „лизга“ и петто место! (ВИДЕО)
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија тимот на Њукасл со 2:0 на својот „Етихад“ во дербито од 26. коло од Премиер лигата.
Со овој триумф Сити продолжи да го следи Арсенал во борбата за титулата, додека Њукасл продолжи да ја губи предноста што ја имаше пред Ливерпул и по ова коло може да падне дури и на шестото место.
Инаку, Сити до победата стигна со головите на Фоден во 15-та и Силва во 67-ма минута.