Connect with us

Фудбал

Хуманитарец со големо срце, Роналдо испратил полн авион со хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, испрати авион целосно натоварен со помош за жртвите од погубниот земјотрес во Сирија и Турција.


По катастрофалниот земјотрес бројката на загинати надмина 47.000 луѓе, а пет милиони останале бездомници бидејќи десет градови биле погодени од најлошата катастрофа во последните 100 години.

Роналдо (38) веќе помогна да се соберат пари за жртвите од земјотресот преку неговиот поранешен тимски колега од Јувентус, Мерих Демирал.

Португалската легенда плати за шатори, пакувања со храна, перници и ќебиња, кревети, храна за бебиња и млеко и медицински материјали за да им помогне на хуманитарните напори.

Ова не е прв пат Роналдо да прави ваква неверојатна хуманитарна акција. Постојано донира, пред се за болниците и операции за деца.


Пред само неколку дена Роналдо направи уште еден голем хуман потег кога се сретна со дете од Сририја кое преживеало земјотрес.