Фудбал
Рафаел Леао понуден на Реал Мадрид!
Агентот Жорге Мендеш, кој ги застапува интересите на фудбалерот од средниот ред на Милан, Рафаел Леао, му ги понудил услугите на својот клиент на Реал Мадрид. Состанокот помеѓу португалскиот агент и претставниците на Реал Мадрид се случил пред околу еден месец, објави „Газета дело спорт“.
Сепак, веројатноста за трансфер не е многу голема, бидејќи „кралевите“ на истата позиција го имаат Винисиус Жуниор. Оваа сезона Рафаел Леао има 23 натпревари во италијанската Серија А, на кои постигна осум гола и седум асистенции.