Фудбал
Подготвени сте за два супер меча вечерва во ЛШ?!
Вечерва два супер интересни меча се играат во Лигата на шампионите. Во дербито на вечерта Баерн Минхен го пречекува француски ПСЖ, кој ќе биде ослабен без играњето на Нејмар. Од поодамна е познато дека го нема ниту Кимпембе. Кај Баерн Хернандес, Нојер и Павар нема да настапат, а поради здравствени проблеми исто така под знак прашалник е Мазрауи.
Германскиот тим е во поповолна ситуација бидејќи од Париз се врати со победа од 1:0, па вечерва во најмала рака му треба реми за да се пласира во четвртфиналето.
На вториот меч Тотенхем го пречекува Милан. Англичаните се фаворити, но „росонерите“ носат предност од првиот меч од 1:0.
Двата тима имаат проблени со повредени играчи. Според последните информации од Италија, Калабрија, Флоренци и Ибрахимовиќ нема да му бидат на располагање на Пиоли, а под знак прашалник е Бенасер. Кај Тотенхем, Конте не може да смета на Бентакур, Бисоума, Дајер, Лорис и Сесењон.
Двата меча почнуваат во 21:00 часот.