Connect with us

Фудбал

Легендата на Ливерпул за елиминацијата на ПСЖ: Мило ми е навистина, тие не се тим, тие се еден голем хаос (ВИДЕО)

Легендата на англискиот фудбал и Ливерпул, Џејми Карагер се нафрли на Пари Сен Жермен по нивната елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Поранешниот фудбалер, сега угледен аналитичар, не крие дека со нетрпение го очекувал новиот неуспех на парижаните во најелитното европско натпреварување.

Да потсетиме, скапиот француски тим уште еднаш ги разочара своите навивачи со настапот во Лигата на шампионите. Иако во натпреварувањето влегоа со највисоки можни амбиции, неуспехот го доживеаја веќе во осминафиналето, бидејќи беа поразени од Баерн Минхен со вкупни 3:0.

„Искрено, воодушевен сум што ПСЖ испадна. Не ми се допаѓа како се составени, тоа не е тим, тоа е еден голем хаос. Тие беа исфрлени во осминафиналето во пет од седум сезони, и трошат повеќе пари од кој било друг. Ги имаат најдобрите играчи во светот, поединци кои сите ги сакаме, но мило ми е што ова се случи бидејќи уште еднаш покажа колку е важен тимот. Тие не се тим и Килијан Мбапе мора да го напушти тој клуб“, изјави Карагер.