Фудбал
Двајца фудбалери на Рома за малку ќе се степаа на теренот, а Мурињо изненади со изјавата: Убаво е да се видат емоции!
Рома го победи Реал Сосиедад со 2:0 и направи голем чекор кон четврт-финалето на Лига Европа, но мечот на „Олимпик“ го одбележа и една несекојдневна сцена. Немања Матиќ и Брајан Кристанте се судрија на теренот, бидејќи поранешниот српски репрезентативец во една акција беше видно незадоволен од реакцијата на Италијанецот, па го критикуваше, а потоа во наплив на адреналин за малку ќе дојдеше до физичка пресметка. .
Се турнаа со глави, а најприсебен беше Вајналдум кој ги раздели и потоа страстите се смирија, инаку којзнае на што ќе бевме сведоци бидејќи и Матиќ и Кристанте беа многу воинствени.
Интересно, набргу потоа Рома го постигна вториот гол на натпреварот, Мараш Кумбула ја обезбеди победата која ја навести Стефан Ел Шарави, па критиките на Матиќ дека играчите треба да се сконцентрираат и да се „стегнат“ позади вроди со плод.
„Во Рома има само еден лидер, сите играчи се исти, и важно е секој да донесе живот и играчко искуство на теренот, тоа ни е неопходно. Ние го немаме тој проблем во Рома, ние сме демократија со еден лидер“, изјави Жозе Мурињо во таа прилика, секако мислејќи на себе.
„Убаво е да се видат емоции на теренот, фудбалерите кои не комуницираат, кои не разменуваат емоции или жалби, не можат да помогнат. Нашиот тим е секогаш обединет“, заклучи „Специјалниот.