Connect with us

Фудбал

Трагедија, четири члена на германски фудбалски тим загинаа во сообраќајка!(ВИДЕО)

Страшна вест доаѓа од Германија, четворица членови на фудбалскиот тим Алеманија 05 загинаа во сообраќајна несреќа кај градот Карлсруе. Четворицата биле во автомобил кој излетал од патот и се судрил со такси.

Според информациите кои доаѓаат оттаму, несреќата се случила во близина на просториите на клубот околу еден час по полноќ. Се враќале од клубска забава. Според полицијата, возачот на автомобилот изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната лента и се судрил со таксито. За жал, патниците во тој автомобил починале на лице место.

Тоа го потврди и клубот. „Длабоко сме тажни поради загубата на нашите активни играчи Тим Палушко, Дани Цимер, физиотерапевтот Леона Бучарт и поранешниот фудбалер Филип Домер“, соопштија од клубот.