Connect with us

Фудбал

Вистинска мајсторија, дали го имаме голот на сезната?! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Спортинг убедливо со 3:0 ја совладаа Боависта во 24. коло од португалскиот шампионат, а мечот го одбележа маестралниот гол на Нуно Сантош. Фудбалерот на Спортинг го постигна најубавиот гол во кариерата во 17. минута од натпреварот.

По еден аут од десната страна, топката стигна до 28-годишниот фудбалер, кој ја фати со популарниот „рабонa“ од 12 метри од противничкиот гол и ја затресе мрежата.

Овој гол сигурно ќе биде во конкуренција за најубави во сезоната. Уживајте во мајсторијата на асот на Спортинг!