Фудбал
Реал Мадрид подготвил 140 милиони евра за 19-годишната ѕвезда на Борусија Дортмунд
Џуд Белингем се наметна како приоритетна цел на Реал Мадрид за следното лето и понудата на клубот за 19-годишниот играч на Борусија (Дортмунд) би можела да достигне 140 милиони евра, пишува мадридски „Ас“. Англискиот играч за врска се смета за клучен играч во обновувањето на средниот ред, кое започна со потписите на Камавинга и Чуамени.
✨ ¡Buenas noches! Esta es nuestra #PortadAS de hoy, lunes 13 de marzo
📰 Bellingham, primer contacto pic.twitter.com/7r9Huyb9rr
— Diario AS (@diarioas) March 12, 2023
Откако управата на Мадрид даде зелено светло за негово привлекување, неодамна емисар на клубот замина во Германија да се сретне со играчот од средниот ред и неговото семејство, пренесува шпанското издание.
Средбата во Дортмунд имаше и за цел да ги расчисти сите сомнежи кои може да ги има младиот играч, како и да му објасни поконкретни аспекти за шпанскиот гигант. Ваквиот убедлив маневар е вообичаен за повеќето млади играчи кои се приклучија на Реал Мадрид во последните години како Чуамени, Винисиус, Валверде и Родриго.
Реал Мадрид ќе мора силно да наддава заедно со Ливерпул за Белингем. Всушност, во Германија тврдат дека клубот од „Енфилд“ е омилената дестинација на младиот играч. Според „Билд“, Ливерпул е во подобра позиција од Реал за потписот на Белингем. На „Бернабеу“ сепак не губат надеж. Засега извори блиски до играчот тврдат дека тој не донел никаква одлука за својата иднина. Оваа неодлучност може да се протолкува како добра вест за Реал Мадрид, со оглед на тоа што Белингем веќе со месеци се поврзува со тимот на Јирген Клоп.