Фудбал
Покрај суспензијата од УЕФА, Русија ќе игра фудбал, најде начин, но и натпреварување!
УЕФА ја суспендира Русија поради војната во Украина и речиси во сите спортови не може да се натпреварува поради тоа.
Главни примери за тоа се фудбалот и кошарката, бидејќи не може да се натпреварува со најдобрите. Затоа најде начин сепак да одигра неколку натпревари во Азија.
Како што пренесува руски „Спорт експрес“, постигнат е договор со Фудбалскиот сојуз на Централна Азија и таму и покрај суспензијата ќе одиграат неколку натпревари. Противниците нема да бидат толку силни, како што би било кога би можеле да играат во квалификациите за ЕП, но ќе бидат на теренот.
Пристигна потврда за тоа.
“Рускиот тим ќе учествува на турнирот. Ова е првенство под покровителство на Централноазискиот фудбалски сојуз. Минатата година се одржа пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Таџикистан и Русија, а потоа и меморандум за соработка на сите асоцијации беше потпишан“, изјави Фаридун Салиев, портпарол на Фудбалскиот сојуз на Таџикистан.
Во споменатата асоцијација припаѓаат Авганистан, Иран, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.