Connect with us

Фудбал

Роналдо се налути, не е баш среќен кога не постигнува голови (ВИДЕО)

Ал-Насер се пласираше во полуфиналето на Купот на Кралот во Саудиска Арабија, откако го совлада со 3-1 тимот Абаха на свој терен. Иако неговиот тим имаше комотна предност, Роналдо не можеше да ја сокрие фрустрацијата кога главниот судија означи крај на првиот дел, во момент кога тој тргна во контра напад. Неговата реакција доволно говори. Роналдо заработи жолт картон, а во вториот дел беше изваден од игра од страна на тренерот Руди Гарсија.