Connect with us

Фудбал

Адријано, Меси и Халанд – крај на листата (ВИДЕО)

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стана третиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал пет гола на еден натпревар.

Во осминафиналето против Лајпциг, Халанд постигна хет-трик во првото полувреме, додека 12 минути подоцна беа доволни за уште два гола.

Пред него, тоа успеа само напаѓачот на Шахтјор, Луис Адријано во 2014 година против Батe Борисов.

Но и Лионел Меси кој тоа го направи две години претходно против Баер Леверкузен.

На овој натпревар, Халанд стигна до својот петти хет-трик сезонава во сите натпреварувања, три повеќе од кој било друг играч во најдобрите пет европски лиги. Тој исто така стана првиот играч во англиски тим по Хари Кејн во сезоната 2016/17 кој постигнал пет хет-трика во текот на сезоната. Ниту тука не завршува, бидејќи Халанд стана најмладиот играч со 30 гола во историјата на Лигата на шампионите. Норвежанецот тоа го постигна со само 22 години и 236 дена, а му беа потребни 25 натпревари, што е исто така рекорд.

Халанд мечот го заврши во 63. минута бидејќи веќе направи доволно “штета”, но за нешто повеќе од еден час зад себе остави некои големи имиња на листата на најдобри стрелци на сите времиња на континенталното натпреварување.

Ги „прескокна“ Клајверт, Макај, Трезеге, Руни, Ето, Кака, Хент, Гризман, Робен и се израмни со Фернандо Мориентес кој има 33 гола на своето конто.