Connect with us

Фудбал

Опуштено, ѕвездата на Барселона наместо Лига на шампиони, отишол во Англија да гледа втора лига (ФОТО)

Усман Дембеле (25) е една од суперѕвездите на Барселона. Неговата вредност се проценува на 60 милиони евра, па тоа што беше на натпреварот во англиското првенство изненади многумина. Тој беше на трибините и го следеше натпреварот помеѓу Сандерленд и Шефилд Јунајтед (1:2).


Камерите го фатија на тој меч и логично следеа идентични прашања од навивачите – што бара таму? Посебно ако се земе предвид дека низ Европа се играа натпревари од Лигата на шампионите и тој можеше да оди и да гледа друг натпревар. Сепак, брзо стигна одговор кој откри што барал францускиот интернационалец на „Стадионот на светлината“ пред 37.500 навивачи.

Имено, Дембеле е добар пријател со сопственикот на Сандерленд, Сирил Луис-Драјфус. Тој купи сопственички удел во клубот во февруари 2021 година, а двајцата се пријатели долги години. Осман не им донесе среќа, бидејќи на крајот Шефилд ги освои трите бода и ја продолжи борбата за пласман во Премиер лигата, бидејќи моментално е на второто место, додека „светците“ се на 12. позиција. Што се однесува до Французинот, тој повторно е повреден, нема одиграно натпревар од 28 јануари, а кој знае кога ќе се врати на теренот. За ова време Барса игра многу добро и е на првото место во Примера во пресрет на дербито со Реал Мадрид (недела 21 часот).