Connect with us

Фудбал

По Ел Класико Барселона ќе започне преговори со Чави за нов договор

 Раководството на шпанскиот фудбалски великан Барселона, наскоро ќе разговара со тренерот Чави за неговиот нов договор. Шпанските медиуми пишуваат дека клубот е задоволен од работата на Чави и сака да го обноват договорот со него, кој истекува ова лето. Двете страни ќе започнат преговори по претстојниот натпревар со Реал Мадрид, без оглед на исходот на дербито. На 19 март екипите ќе одиграат натпревар на „Камп Ноу“, кој е многу важен за шампионскиот торфеј.

Чави е на чело на Барселона од ноември 2021 година. Mоментално Барселона води во Шпанското првенство со девет бода предност пред Реал Мадрид кој е бранител на трофејот.