Connect with us

Фудбал

Имаше вистински хаос во Неапол, герила војна, запалени автомобили, повредени навивачи и полицајци (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи синоќа го победија Ајнтрахт со резултат 3:0 и со тоа обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а во пресрет на натпреварот, на улиците на Неапол, имаше немили сцени кои ja обиколија планета.

Имено, хулигани на домашната екипа ги пречекаа гостинските навивачи, па првите пресметки се случија во центарот на градот. Локалните медиуми масовните борби ги окарактеризираа како „герила војна“ и додаваат дека се повредени десетици навивачи и полицајци.

Епилогот од жестоката тепачка е што полицијата еден ден подоцна идентификувала 470 хулигани на Ајнтрахт, а 120 од нив биле приведени во полициската станица во Фросиноне, по што биле однесени на аеродромот во Рим за да бидат депортирани од Италија.

Што се однесува до останатите 350 хулигани, тие се уште се во полициската станица во Салерно, пренесуваат медиумите од „чизмата“.