Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ му го сруши рекордот, а легендата на Милан се расплака пред камерите

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ испиша историја во Серија А откако стана највозрасниот играч кој постигнал гол во најсилната италијанска лига. Ибрахимовиќ беше стрелец за Милан во синоќешниот пораз на гостувањето кај Удинезе (3-1) постигнувајќи гол од пенал во судиското продолжение на првото полувреме. Со овој гол Ибрахимовиќ стана највозрасниот стрелец во Серија А со 41 година и 166 денови.Швеѓанецот го собори рекордот на Алесандро Костакурта, кој исто така во дресот на Милан, беше стрелец во сезоната 2007, на возраст од 41 година и 25 денови и исто така на меч против Удинезе.