Connect with us

Фудбал

Каков срам, соиграчите на Столе Димитриевски сакаа да го глумат Меси и Суарез, да го понижат противникот, па се посрамотија (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано и Жирона ремизираа 2:2 во натпреварот од 26. коло на Ла Лига, а трагичар на мечот беше Оскар Трехо, кој  се поигра додека неговиот тим водеше во првото полувреме. При резултат 2:1, во 41. минута Трехо имаше можност да го доведе својот тим на два гола предност, но неговата несериозност на крајот го чинеше два бода неговиот тим. Да биде уште полошо за Рајо Ваљекано  на крајот Жирона ги казни во продолжението. Првично Пауло Газанига му го „фати “ пеналот на Оскар Трехо, само судијата побара да му се повтори ударот, а потоа играчот Рајо Ваљекано реши да го „копира“ Меси и не прослави.