Connect with us

Фудбал

Каква почит од Хрватите за нашиот лав Аријан Адеми: Капетане, Динамо е твојот дом, врати се побрзо и избери функција!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми попладнево го игра последниот меч во Динамо Загреб за оваа сеозна. Неговиот тим игра против Ријека, а хрватските медиуми полни со голема почиит кон македонскиот лав, кој целата своја кариера ја помина во Динамо. Постави неколку рекорди, со капитенска лента на раката, го предводеше овој тим до најголемите успеси, како во домашното првенство, така и на настапите во Европа, оставајќи длабока трага.

Адеми прави трансфер во Кина, се разбира поради финансиски причини, а порталот 24сата му посвети текст со наслов: Капитене, Динамо е твој дом, врати се побрзо и избери функција! Адеми во Кина за тимот на Пекинг Гуан ќе заработува 1,6 милиони евра годишно.

Адеми заминува како најтрофеен играч во историјата на Динамо. 11 пати го освојуваше првенството на Хрватска, шест пати Купот и три пати Суперкупот. На Максимир пристигна во 2010 година од Шибеник. Динамо потоа го позајми во Локомотива каде што помина две години. Од 2012 година до денес тој е член на актуелниот шампион на Хрватска, за кого одигра 358 натпревари, постигна 41 и асистираше на 30 голови. Договорот на Адеми со Динамо трае до 2026 година, а Transfermarkt го проценува на четири милиони евра.