Connect with us

Фудбал

Каков Наполи, страшен Наполи, на плус 21 бод од Интер (ВИДЕО)

Наполи продолжува со победите. Попладнево со убедливи 4:0 го совладаа Торино и отидоа на плу 21 бод од второпласираниот Интер, кој вечерва игра дерби со Јувентус. Осимен два гола, Кварацхелија и Ндомбеле по еден, беа најзаслужни за убедливата победа. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 65-тата минута. Само чудо може да ги спречи Наполи и Елмас да стигнат до шампионската титула, која веќе им се припишува, но за и теоретски да ја освојат им требаат уште неколку бода.