Фудбал
Барди пред вечерашниот дуел: Амбициите сигурно се големи!
Еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди во пресрет на вечерашниот дуел со Малта вели дека сето она што во минатото е постигнато треба да се остави на страна и да се фокусираат на она што следува, а тоа е мечот со Малта и квалификации за ЕП 2024-та. Како што вели важно е да се почне со победа.
-Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што не очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта, вели Барди и додава:
-За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”.