Connect with us

Фудбал

Да се наежиш, Монументал гореше, над 80.000 луѓе пееја и плачеа, прв меч на Аргентина дома откако станаа светски прваци (ВИДЕО)

Аргентина го одигра првиот меч на домашен терен по СП во Катар каде го освоија пехарот. Славеа со 2:0 против Панама, а Меси на најдобар можен начин го одбележа спектаклот откако постигна гол за 2:0 со што стигна до бројката 800 голови во кариерата.

Над 80.000 луѓе беа на Монументал да ги проздрават своите херои, а селекторот одлучи да го почне овој меч со иститр 11-мина како во финалето на СП.