Connect with us

Фудбал

Бум, бум Миовски, гол за победа против Фарски Острови (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација се изнамачи против Фарски Острови. Победи со 1:0, погоди пречка, имаше шанси, доминираше, но сепак требаше да влезе Миовски во игра па да погоди. Македонија го скрши отпорот на Фатски Острови дури во 81-та минута кога Миовски искористи добро грешка на противниците и во соло продор погоди за конечни 1:0.

Вреди да се напомене дека Фарски Острови немаше ниту еден директен шут во рамките на голот на Македонија. Шутнаа четири пати, но сето тоа беше далеку од рамките на нашиот гол. Следниот меч Македонија го игра во јуни на домашен терен против Украина во рамките од квалификациите за ЕУРО 2024-та.