Connect with us

Фудбал

Нешто не е како што треба, Надал соопшти лоши вести!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема одиграно тениски меч од стартот на Австралија опен кога почувствува страшни болки, а тоа се одрази и на неговиот пласман на АТП листата. Во меѓувреме, по долги години испадна од Топ 10, а прашање е кога ќе успее да го подобри својот пласман. Како што стојат работите во моментов, тоа нема да биде наскоро…

Рафа се огласи и демантираше дека е 100 отсто подготвен за настап во Монте Карло каде ќе се игра првиот голем турнир на земја оваа сезона. Омилената подлога на Надал требаше да го донесе неговото враќање на големите турнири, но засега Шпанецот не е сигурен дека ќе може да настапи.

„Сè уште не можам да потврдам дека ќе бидам во Монте Карло. Воопшто не ми е јасно од каде е информацијата дека ќе одам во Монако. Доколку е вистина, би потврдил, но за жал, не е така.

Потсетуваме дека турнирот во Монте Карло ќе се игра од 10 април, а потоа следуваат Барселона, Мадрид, Рим и неделата во која најдобрите во светот ќе паузираат пред Ролан Гарос. Целта на Надал е да биде максимално фит во Париз и да се бори за 23. Грен слем турнир во кариерата меѓу 29 мај и 5 јуни. Доколку не биде во можност да учествува, Новак Ѓоковиќ би можел да го претекне!