Connect with us

Фудбал

Македонија ЃП поуспешна од Работнички во градското дерби

 Македонија Ѓорче Петров го совлада попладнево Работнички со 2-1 во скопската пресметка на отворањето на 25 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Со триумфот Македонија ЃП се израмни на петтото место со штипска Брегалница со 32 бодови, додека Работнички остана на осмото место со 24 бодови.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со натпреварите Брегалница – Тиквеш, Шкендија – Победа, Шкупи – Скопје и Струга – Академија Пандев.

Слободна во ова коло е екипата на Силекс.