Фудбал
Лудница пред камерите, легендие се караа за време на големото дерби (ВИДЕО)
Лотар Матеус и Оливер Кан се караа пред камерите, околу одлуката на Баерн да го отпушти Јулијан Нагелсман и да го ангажира Томас Тухел на крајот од сезоната. Беа изнесени тешки зборови. Матеус го прозва својот сонародник и актуелен директор на Баварците за однесувањето на клупскиот предводник и настаните кои му претходеа на дербито и победата против Дортмунд (4:2).
Da ging es heiß her vor dem Spiel zwischen Lothar Matthäus und Oliver Kahn. 😲
Den verbalen Schlagabtausch in ausführlicher Form könnt ihr hier sehen:https://t.co/TcLuryHlCr#DerKlassiker #FCBBVB pic.twitter.com/zeAV6Y1o8M
— Sky Sport (@SkySportDE) April 1, 2023
Расправијата се случила пред почетокот на тој натпревар, тие се расправале пред ТВ камерите. Се започна поради колумната на Лотар во која тој го критикува клубот за „протекување информации и фактот дека италијанскиот новинар (Фабрицио Романо прим.аут) прв објавил се за отказот на Нагелсман“. „Тоа што се случи со Јулијан е катастрофа, веќе неколку пати нагласивме дека не протече од клубот, ќе си пукавме во нога да го направевме тоа. Прво го известивме Нагелсман, беше тешка ситуација.“ започна Кан.
Во таа колумна Матеус истакна дека челниците на клубот газат по слоганот „Mia san Mia“, кој во слободен превод би гласел ние сме тоа што сме.
„Нема да имам лична војна со тебе овде, можеш да ми се јавиш во секој момент и ќе разговараме. Работите се сменија, вие го водите клубот на поинаков начин“, додаде Матеус.
Потврдено е дека луѓето од Баерн прво го договориле доаѓањето на Тухел, а дури потоа за тоа го информирале Нагелсман, кој дознал од медиумите. Ова го праша и водителот на емисијата Себастијан Хелман, кој се запраша зошто прво не се водат разговорите со Јулијан
. „Можеби во теорија звучи како да треба, но работите функционираат поинаку. Се додека немате потврда од тренерот, не можете да носите одлуки, чекавме да се разјасни ситуацијата. Нагелсман беше на одмор во тој момент “, одговори Кан.
Познатиот голман се извини за време на емисијата и објасни дека „не сакал телефонски да му каже на Нагелсман за отказот“, па се појавиле некои несогласувања во начинот на кој ги опишал настаните внатре во клубот.
“Оливер Кан лаже. Сака да го оттргне вниманието од своите проблеми, па ме напаѓа, јас бев подготвен на тоа. Го кажувам она што го гледам и што чувствувам. Хронолошкиот редослед, опишан од Кан, не одговара на вистинските настани“, заклучи Матеус.