Фудбал
Неверојатно, дури и претерано, Меси има понуда на маса од 400 милиони евра годишно!
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси добил неверојатна понуда од 400 милиони евра, пренесува најсигурниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.
Лионел Меси според сите проценки си заминува од ПСЖ, како што пренесуваат „Екип“ и „РМЦ“, кои ретко грешат кога е францускиот фудбал во прашање. Ал Хилал од Саудиска Арабија не чекаше и веќе испрати официјална понуда за Лионел Меси.
Фабрицио Романо објави дека се работи за официјална понуда од цели 400 милиони евра! Тоа би било 400 милиони евра годишно за Меси, само прашање е дали тој навистина сака да оди во Саудиска Арабија. Тоа ќе ни го даде ривалството меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси во Саудиска Арабија.
Меси очигледно ќе има три опции кога ќе заврши оваа сезона. Тој може да ја прифати најголемата понуда во историјата на фудбалот за 400 милиони годишно, да се врати во Барселона или да остане во Пари Сен Жермен. Аргентинецот минатата година го освои Светското првенство, а оваа сезона на 33 одиграни натпревари постигна 18 гола и 17 асистенции. Тој е во Пари Сен Жермен од 10 август 2021 година.