Фудбал
Македонија ЃП како гостин ја совлада Шкендија, ќе игра финале против Струга
Актуелниот бранител на трофејот Македонија Ѓорче Петров ќе игра против прволигашкиот лидер Струга во финалето на македонскиот фудбалски Куп на крајот од мај.
Ова е епилогот од двете полуфинални пресметки во кои Струга попладнево на домашен терен го совлада Силекс со 1-0, додека Македонија ЃП ја елиминираше на гостински терен тетовска Шкендија на пенали со 4-3, откако натпреварот во регуларниот заврши нерешено 1-1.
Македонија ЃП ќе ја брани куп титулата против Струга која за прв пат во клупската историја ќе игра во големото финале.