Connect with us

Фудбал

Хаос во Италија, во три клуба влезе полиција, им се заканува ли судбината на Јувентус и одземање на бодови!?

Откако Јувентус беше казнет со одземање на 15 бода во тековното првенство поради финансиска измама, под истрага се уште три клуба од Серија А. Во средата италијанската финансиска полиција изврши претрес во просториите на Рома, Лацио и Салернитана поради сомнежи дека прикриле бројки во трансферите на одредени играчи.

Истрагата против Рома се однесува на периодот меѓу 2017 и 2021 година и трансфери на неколку играчи. Од друга страна, Лацио и Салернитана се под истрага за меѓусебни трансфери на фудбалери, бидејќи имале ист сопственик.

Овие два клуба до неодамна му припаѓаа на истиот човек, Клаудио Лотито, а беше отворена истрага поради судир на интереси и „фактури за непостоечки  трансакции“. Како резултат на тоа, Салернитана се промени минатата сезона, бидејќи прописите во Серија А не дозволуваат едно лице да контролира два тима.

Трансферите на играчи и вештачки претставените капитални добивки се во срцето на случајот со кој веќе се соочи Јувентус. Поради тоа торинскиот клуб беше казнет со одземање на 15 бода. Судскиот процес е во тек, а следното рочиште е закажано за 10 мај. Лацио моментално е втор на табелата во Серија А со 55 бодови и е блиску до пласман во Лигата на шампионите. Рома има пет бода помалку и го дели четвртото место со Интер, додека Салернитана е 15-та со 28 бодови и е далеку од борба за опстанок.