Фудбал
Најави од Италија, Наполи со Елмас од прва минута ќе го напаѓа Милан во Лигата на шампионите
Пред една недела Милан како гостин го растури Наполи во првенството со 4:0. Сега овие две екипи утре ги очекува уште една пресметка, овој пат во Милано во рамките од четвртфиналето во ЛШ. Милан е домаќин, но победата од 4:0 не мора ништо да значи, бидејќи ова е сосема различен момент и различно натпреварување.
Проблеми за Наполи се тоа што не може да смета на најдобриоот стрелец Виктор Осимен. Тој поради повреда ќе го пропушти дуелот на „Сан Сиро“. Па, така италијанските медиуми најавуваат дека од првата минута ќе настапи македонскиот интернационалец Елис Елмас, кој најверојатно ќе добие улога на „лажна девета“. Но, останува да видиме како ќе се одлучи Спалети, со оглед на тоа дека мечот се игра утре вечер со почеток во 21:00 часот.