Connect with us

Фудбал

На Клоп му пукна филмот, продава цел тим!

Ливерпул оваа сезона никако да се разигра, и постојано е на средината на табелата, а на Јирген Клоп му е доста од тоа. Следната сезона речиси сигурно нема да ги гледаме „црвените“ во Лигата на шампионите, а што и да се случи до крајот на натпреварувачката година следуваат големи промени на „Енфилд“.

Клоп не е задоволен од тимот со кој располага и сега на раководството му претставил план да пречкрта дури 13 фудбалери и комплетно да го смени тимот за следната сезона.

Веќе беше познато дека Роберто Фирмино нема да го продолжи договорот и дека ќе си замине од тимот, а освен него, од големите имиња се знаеше дека е многу блиску до разделба со Наби Кеита, кој никогаш не успеа да ја повтори својата формула од Германија. Освен нив, отпишани се и Артур Мело, кој беше повреден и речиси и да не играше за Ливерпул, како и ветеранот Џејмс Милнер и Алекс Окслејд-Чембрлен, кои исто така поминаа доста време повредени.

Најголемите промени ќе дојдат во одбраната. Тој реши комплетно да ја реконструира бековската линија, па на списокот за заминување се Џоел Матип, Џо Гомез, Константинос Цимискас, Натаниел Филипс, Рис Вилијамс и Сеп ван дер Берг, како и двајцата резервни голмани, искусниот Шпанец Адријан и Кахомин Келехер.

Се уште не се зборува за засилување на тимот од „Енфилд“, но јасно е дека Клоп би сакал да продаде и со ослободување од платите на споменатите играчи ќе собере пари за засилувања, пред се во средниот ред и одбраната. . Тој веќе ја започна оваа сезона да се потпира на некои нови сили, па во плановите за следната сезона е и Стефан Бајчетиќ, како и некои нови деца како Харви Елиот, па дури и Куртис Џонс, кој игра се почесто во последно време.