Фудбал
Што прави Унаи Емери со Астон Вила, го прегази најбогатиот тим во Премиер лигата (ВИДЕО)
Астон Вила на домашен терен го прегази најбогатиот тим во Премиер лигата, како што го нарекуваат Њукасл. Унаи Емери, кој сезонава со Астон Вила прави фантастична работа, и неговите избраници славеа со 3:0. Со оваа победа Астон Вила собра 50 бодови со што се вкклучи во битката за пласман во Лигата на шампионите. Во моментов има шест бодови помалку од Јунајтед кој е на четвртото место, последна позиција која носи пласман во ЛШ следната сезона.
Инаку, стрелци на головите на денешниот меч беа Ремзи и Воткинс кој два пати стрелаше.