Connect with us

Фудбал

Милан игра шампионски само против Наполи (ВИДЕО)

Откако во ЛШ го надигра повторно Наполи и славеше со 1:0, Милан во Серија А уште еднаш киксна. Овој пат на гостувањето кај Болоња одигра 1:1, а имаше и негатива. Во последните пет меча Милан има само една победа, онаа против Наполи од 0:4, а останатите се три нерешени и еден пораз. На денешниот меч Болоња поведе со голот на Сансоне по само неколку секнди игра.

Домашниот тим имаше уште неколку добри шанси,не ги искористи па стигна казната во 40-та минута кога Побега израми со прекрасен гол од далечина. И покрај шансите на двете страни резултатот до крајот на мечот остана непроменет. Милан во моментов е на четвртото место, позиција која може да ја загуби во зависност од тоа што ќе направи Интер вечерва против Монца. Болоња е на солидното 8 место со 44 бодови.