Connect with us

Фудбал

Дармијан: Сакам да заминам, тоа му го реков и на Мурињо

Италијанскиот дефанзивец Матео Дармијан потврди дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Дармијан минатата сезона само пет пати беше стартер во тимот на Јунајтед, а со цел да се избегне таквата судбина во следната сезона, тој одлучи да го напушти.

Жозе Мурињо потврди дека Дармијан е на продажба, но нема добиено ниту една конкретна понуда од некој гигант.

“Заминување е она што го сакам, но ќе видиме што ќе се случува. Минатата сезона, не играв многу, а тоа е мојата цел и амбиција. Затоа јас разговарав со менаџерот и сега не можам да дочекам да одам”, рече Дармијан , но додаде :

“Добро е да се игра за најдобриот клуб во светот, но морам да направам некои важни одлуки во животот, а еден од нив е да одам во тим каде што редовно ќе играм”.

Дармијан е поврзан со многу италијански тимови, вклучувајќи ги Јувентус и Интер.