Фудбал
Лоши вести од Ибица – Роналдо заврши во болница!
Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња Роналдо пред неколку дена отпатува на одмор во Ибица.
Роналдо купи куќа на Ибица каде оди на летување секоја година, а денеска се најде во центарот на вниманието откако беше објавено дека завршил во болница. Тамошните медиуми пренесуваат дека Роналдо дојде во болницата во лоша состојба, а докторите за кратко време утврдиа дека има воспаление на градите.
Легендарниот Бразилец моментално се наоѓа во една од приватните болници на Ибица каде што закрепнува од воспалението на градите. Се уште не е познато кога ќе може да се врати дома, но она што е најважно неговата здравствена состојба е поправена.
Ronaldo in hospital in Ibizia with pneumonia. Wishing him a speedy recovery pic.twitter.com/xzueFQTHRh
— Andrew Cesare (@AndrewCesare) August 12, 2018