Фудбал
Милан не застанува, доаѓа ново засилување
Милан, наводно е многу близу до потпишување на нов играч, а се работи за Диего Лаксалт.
Лаксалт е 25-годишен Уругвајски репрезентативец кој минатите две сезони ги помина во Џенова и беше на мета на Зенит, но по се изгледа дека ќе остане во Серија А.
Како што објавија некои медиуми во Италија, Лаксалт заминува во Милан и може да игра на позиција лев бек и лево крило, во зависност од потребите на тренерот.
„Спортиталија“ пренесува дека „Росонерите“ речиси го постигнаа договорот и дека на Џенова за овој играч ќе му платат 15 милиони евра.
Милан и Џенова одлично соработуваат веќе некое време, имаше разни трансфери во двата правци, па последниот реализиран треба да биде овој на Лаксалт.
Лаксалт постигна четири гола и три асистенции на 34 натпревари за Џенова во минатата сезона.