Фудбал
Заврши турнирот во мал фудбал „Радовиш 2018“
Екипата на „Галактик кафе“ е победник на турнирот во мал фудбал „Радовиш 2018“, што изминативе две недели се одржуваше на теренот на СОУ „Коста Сусинов“.
Второто место го освои екипата на „Слома“, а третото им припадна на фудбалерите на екипата на „Сирач“.
На турнирот учествуваа 11 екипи, а беа доделени и награди за најдобар голман, најдобар играч и најдобар стрелец.
Турнирот се одржа под покровителство на општина Радовиш, а во организација на ФК „Бунарџик“.
Наградите и признанијата на најдобрите им ги доделија претседателот на Советот на општина Радовиш, Коле Чаракчиев и советникот Енис Омеров.