Фудбал
Играчот на Барселона ги изненади сите со изборот на нов клуб
Бразилецот Марлон Сантос речиси сигурно ќе ја напушти Барселона во следните неколку дена.
Марлон пристигнал во Барселона пред две години од Флуминенсе, но не успеа да освои минутажа во овој клуб. Овој 23-годишен дефанзивец минатата сезона одигра на позајмица во Ница, но францускиот клуб не го купи договорот.
Иако од самиот почеток имаше подготовки со Барселона, беше јасно дека немаше место за него во тимот, покрај силната конкуренција во одбраната. Интересот за него го покажаа неколку клубови, но како што вели Скај Спорт Италија, на крајот ќе потпише за Сасуоло.
Оваа вест изненади многумина бидејќи очекуваа дека Марлон ќе направи малку подобар трансфер, но на крајот го избра Сасуоло. Бразилецот ќе потпише соработка на пет години, а Барса ќе добие шести милиони евра плус уште шест преку бонуси.