Фудбал
Каде ќе продолжи Модриќ?
Модриќ ќе се обиде да го наговори Перез да го пушти. Тој повеќе нема мотиви да настапува за Реал каде ги мина изминатите шест години од кариерата, го одигра најдобриот фудбал и освои три титули во низа во Лигата на шампионите, па јасно е дека му треба нов предизвик во кариерата.
Вечерва би требало да биде познат резултатот од овој состанок. Досега Перез беше категоричен во одлуката дека Лука не е на продажба и останува да се види дали хрватскиот фудбалер ќе успее да го омекне неговиот став.