Connect with us

Фудбал

Мурињо и Погба со отворено непријателство

Не е тајна дека во соблекувалната на Јунајтед не владее премногу добра атмосфера, а меѓу највоинствените најмногу се истакнуваат Погба и Мурињо.

Мурињо по мечот со Лестер му пришол на Погба и му порачал: „Ако сакаш да го напуштиш Јунајтед, тогаш мораш да дојдеш кај мене и да ме прашаш да те пуштам. И, доколку имаш проблем, кажи ми в лице, не зборувај по медиумите“, му порачал Мурињо на Погба.

Но, Погба, кој беше стрелец на првиот гол против Лестер, не му останал должен. Тој го замолкнал Португалецот со само една реченица – „Доколку сакаш да зборуваш со мене, јави му се на мојот агент“, јасно му одговорил Французинот.

Колку нивните односи се влошени говори и фактот дека Португалецот на Погба не му честиташе за златото од Мундијалот. Останува да се види како оваа приказна ќе заврши.