Connect with us

Фудбал

Дембеле добродојден на “Енфилд”

Европскиот клупски вицешампион, тимот на Ливерпул, е најновиот клуб кој покажа интерес за услугите на францускиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Осман Дембеле.

Крилниот напаѓач е на удар поради големата недисциплина која ја демострира во актуелната сезона и се погласни се шпекулациите дека ќе ги напушти редовите на актуелниот шампион на Шпанија за време на зимскиот преоден рок.

Англиските медиуми пак ја пласираа информацијата дека “црвените# од “Енфилд” се подготвени да одвојат околу 85 мил. фунти за обесштетувањето на поранешниот фудбалер на Рен и на Борусија од Дортмунд.