Connect with us

Фудбал

Погба е идиот!

Легендарниот репрезентативец на Англија и поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Инс, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека францускиот интернационалец Пол Погба е “идиот”.

Менаџерот на “црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо, реши дерби дуелот против Арсенал да го стартува без услугите на Погба, а по натпреварот, англиските медиуми ја пласираа информацијата дека Португалецот се одлучил на ваков чекор поради очајната форма на играчот за врска.

Токму таквата одлука на “специјалниот” го испровоцира Инс, кој беше дел од составот на Јунајтед, кој триумфираше во Премиер лигата и ФА Купот во 1994-та година, да го каже своето мислење околу целата ситуација со Французинот.

  • Погба влегува на теренот и прави мали и глупави работи, а потоа ја губи топката. Ова е идиотски. Можеш да го обвиниш Мурињо за некои работи, но не можеш за се. Погба не си помага сам на себе, а камоли на тимот. Тој со право го исфрли од тимот. Без разлика колку е големо твоето име. Никој нема толку големо име, за да има резервирано место во составот на Јунајтед, изјави Инс.

Најскапата аквизиција во клупската историја на Јунајтед доби многу свирежи кога влезе како резерва на натпреварот против Арсенал.

  • Можете да го видите расположението на навивачите, како и толеранцијата кон играчите. Ова исто така важи и за Погба. Чудно е кога играч на тимот ќе биде исвиркан, но тоа е благодарение на тоа што го покажуваш на теренот. Мислам дека фановите повеќе не сакаат да го гледаат на „Олд Трафорд“, додаде Инс.